мај 6, 2017

Охрид, 6. мај 2017 (ОХРИДПРЕС) – Според податоците со кои располага Општинската организација на Црвен крст Охрид, за оние лица за кои држат обуки, од 20 до 30% од населението од Охрид, знае да укаже прва помош правилно, вели Сашо Точко, претседател на Црвен крст Охрид.

prvapomos2

prvapomos3

Во организацијата на Црвен крст се вршат обуки за прва помош за кандидатите за возачи и кандидати, кои според Законот за работни односи, имаат обврска на работното места да даваат прва помош.

prvapomos4

– Не е само еден курс, туку знаењата постојано се обновуваат. Најголем дел од тие 20-30% се млади луѓе, кои гледаме уште од основните и средните училишта, на некој начин да ги научиме за укажување на прва помош. Првата помош е вредна рабта, која треба да се знае, основна работа за живот и на која многу се придава важност во светот. Знам дека сите оние млади, кои научиле прва помош, бараат од нас сертификати, кој им користи при уписи на факултети, пријавување на било какви студии. Битно е за секој човек да знае да укаже помош, затоа што не се знае, несреќите се случуваат и во домот и на улица, а добро е да знаеме да интервенираме, објаснува Точко.

natprevarprvapomos

Годинава на седум пунктови низ градот, младите активисти од Црвен Крст Охрид, заедно со учениците од основните и средните училишта, кои посетуваа обуки за прва помош, ги спроведуваа предвидените активности. По 46-ти пат се одржа Општинскиот натпревар по прва помош. Како што велат од Црвен крст, околу 200 млади годинава биле обучени за давање прва помош, биле вклучени во вежбите на совладување на техниките, а на натпреварот учествуваат околу 60-на деца.

– Натпреварот е со цел да ги поттикнеме младите да даваат прва помош и да размислуваат колку е добро чувството да се помогне некому кому му е потребна помош. Некои деца вчера имаа прелиминарни натпревари, затоа што има повеќе екипи, а процедурата е на денешниот натпревар да има една до две екипи од секое училиште, дополнува Точко.

natprevarprvapomos2

Натпреварот, кој трае до 15 часот го оценуваат вкупно 18 судии лиценцирани од Црвен крст, како и медицински лица, кои се грижат за исправноста на самиот натпревар и ги оценуваат екипите. Младите се натпреваруваат во две категории: категорија подмладок, за деца од основните училишта и категорија младина за деца од средните училишта. Победничката екипа од категоријата младина ќе оди на Државниот натпревар во септември. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука