Охрид, 15. март 2017 (ОХРИДПРЕС) – Општинската организација на Црвен крст од Охрид и годинава ќе го одбележи Денот на крводарителството во Република Македонија.
По тој повод, на 17-ти март, петок, ќе се организира свеченост на која ќе бидат доделени признанија, плакети и благодарници на повеќекратни крводарители, поединци, фирми и институции кои допринеле за развојот и уанпредувањето на крводарителството во општините Охрид и Дебарца.
Настанот ќе се одржи во просториите на Црвен крст Охрид со почеток во 13:00 часот. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива
Прочитано: 28