Охрид, 18. јануари 2017 (ОХРИДПРЕС) – Од Охридскиот Црвен крст излегоа со препораки до сите луѓе кои утре ќе влезат во водите на Охридското Езеро и ќе скокнат по Чесниот крст.
– Со оглед на исклучително ниската температура на водата во Охридското Езеро и минусната температура на воздухот која се најавува до -3 степени, повикуваме на исклучително високо внимание и претпазливост на оние кои ќе се одлучат да влезат во водите на Охридското Езеро. На верниците им се препорачува да не влегуваат во вода доколку чувствуваат слабост или имаат било каков здравствен проблем. Оние што ќе влегуваат во вода, во неа да се задржуваат многу кратко. Исто така да не се конзумира алкохол пред влегување во вода, а да се конзумираат топли безалкохолни напитоци, информираат од Црвен крст Охрид. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес