ноември 23, 2017

Охрид, 23. ноември 2017 (ОХРИДПРЕС) – Под мотото „Сите сме нивни деца“, охридскиот Црвен крст ја одбележува Неделата на грижа за стари лица.

– Целта е подигање на јавната свест за потребата од зголемена интеграција на старите лица во сите сфери на општесгвениот живот, како и потребата за обезбедување на грижа и помош за старите лица. Активностите започнаа на 20-ти овој месец со едукативно предавање на тема „Деменција“ кое за членовите на здржението на пензионери од Охрид и Дебрца го одржа Д-р Маја Смическа, спец. невролог. Во текот на Неделата на грижа за стари лица, нашите волонтери од Програмата за грижа за стари лица ќе делат едукативни материјали, а ќе ги посетат и старите, осамени лица, во своите домови, кои се корисниците на Програмата за грижа за стари лица, информираат од Црвен крст од Охрид.

Додаваат дека активностите ќе финишираат во деновите на викендот, кога тимови на Црвен крст Охрид од социјално-хуманитарната и здравствено-превентивната дејност, помогнати со членови од здржението „Мозочен удар“ за борба против мозочен удар, ќе посетат стари лица во селата во општина Охрид и Дебрца. Во рамките на посетата ќе им поделат хуманитарна помош (прехрамбени производи, ќебиња) и ќе вршат бесплатни основни здравствени прегледи (мерење на крвен притисок, шеќер во крвта, ЕКГ). (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука