февруари 28, 2015

Охрид, 24. февруари 2015 (ИНПРЕС) – Црквата „Св. Богородица Заумска“, која се наоѓа на источниот брег од Охридското Езеро, во близина на селото Трпејца ќе добие конаци.

Во поодмината фаза е изградбата на конаците во непосредна близина на цркавта, која по својата убавина важи за една од најубавите на брегот на Охридското Езеро. Според зачуваниот натпис, црквата е подигната и насликана во 1361 година од страна на ќесарот Гргур за време на деволскиот епископ Григорие. Најновите истражувања покажуваат дека потекнува од XIII век.

zaumkuka2

zaumkuka3

zaumkuka4

Во септември 2013 година завршија годинешните активности за конзервација на фрескоживописот во црквата. Пред неколку години на црквата која претставува едно од најзначајните поединечно заштитени споменички добра на територијата на РМ и пошироко беа преземени и интервенции за конзервација на кровот и кровната конструкција, а по извршените анализи на стручните екипи на охридскиот Завод и музеј се пристапи кон конзервација на нејзиниот фрескоживопис. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: Милчо Костевски

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука