Охрид, 26. август 2019 (ОХРИДПРЕС) – Пожарот во атарот на селата Опеница и Расино, кај м.в. „Јасика“ каде гори борова шума е се’ уште активен, но е ставен под контрола, информираат од Центарот за управување со кризи (ЦУК).
– Во текот на вчерашниот ден ангажирани беа вработени од ШС „Галичица“, ШС од Кичево и ШС Ресен, со специјализирани возила за гасење, 10 пожарникари со 3 противпожарни возила од ТППЕ Охрид како и два авиони на ДЗС, додаваат од ЦУК.
Оваа беа дел од мерките кои се презедоа за да се изгасне пожарот кој изби пред два дена. Кризиниот штаб на општина Охрид кој заседаваше вчера, одлучи да ги вклучи и вработените во сите локални Јавни претпријатија, за да се изгасне огнот, кој и натаму се шири поради ветерот.
Граѓаните беа вознемирени и за медиумите изјавија дека ситуацијата е алармантна. Гореа смрека и борови, но поради тешко пристапниот планински терен, гаснењето на пожарот во шумата беше отежнато.
Селото Опеница се наоѓа на осум километри од Охрид, а силниот чад се шири и во правец на градот. Најмногу се почувствува синоќа после 22:00 часот, кога ветерот го носеше чадот кон Охрид. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива