Скопје, 8. февруари 2015 (ОХРИДПРЕС) – Нивото на реките во државата се повлекува, информираат од Центарот за управување со кризи.
Како што соопшти Центарот за управување со кризи, до 15 часот во скопско нивото на реката Пчиња се повлекува. Мали излевања има на дел од земјоделските површини во Горно Коњари. Во атарот на општината Илинден, нивото на подземните води во населените места Илинден, Марино, Кадино и Мралино се нормализираат и подземните води се повлекуваат.
Во кичевско на реката Зајашка која на 06.02.2015 година се излеа, во текот на вчерашниот ден се направија насипи од страна на локалната самоуправа, така што нема опасност од повторно излевање. Состојбата се нормализира.
Во струшко на поплавените места екипи од локалната самоуправа и денес интервенираат со багери и известуваат дека има опаѓање на водостојот на водата. Состојбата се нормализира.
Во велешко нивото на реката Вардар во Велес е во постојано опаѓање, водата од поплавените делови се повлекува и нема опасност за мостовите.
Во неготинско водата од реката Вардар е во опаѓање, а на терен има дежурна машина и по потреба мостовите се чистат. Мостот кај селото Корешница е затворен за секаков вид на сообраќај од синоќа во 22:00 часот. Водата прелива околу мостот и го прави непрооден. Сообраќајот се пренасочува преку селото Бистренци и селото Војшанци. Водата од реките е повлечена и во моментов нема опасност од поплавување.
Во Новаци нивото на водата во поплавените земјоделски површини е во опаѓање-се повлекува. Во моментот се работи на поставување пропусни цевки на направените прекини на патот Новаци – Битола, пред мостот на Црна Река, со цел да се оспособи овој патен правец за сообрајќај денешниот ден. На населението се дели хуманитарна помош и вода за пиење.
Во општина Могила водата од поплавените површини се повлекува, но сеуште е голема. На терен моментално се работи на правење на одбрамбени насипи околу селата и се поправаат каналите кои беа разносени од буиците од вода. ДЗС-Битола со 15 моторни пумпи работат во селата на испумпување на вода од куќите. Регионалниот патен правец Могила-Радобор-Добрушево не е сеуште прооден и понатаму е под вода. Дежурни екипи од ЕЛС Прилеп, Долнени и Кривогаштани и во текот на денешниот ден ја следат состојбата во полавените подрачја.
Во прилепско укажувањата на ЦЈЗ-Прилеп до месното население во поплавените подрачја за некористење на водите за пиење заради загаденост на истите и понатаму е во сила. Поради неиспрвноста на водите за пиење во овој момент се врши дотур на флаширана вода за пиење во населенитре места: Чепигово, Тројкрсти, Канатларци, Тополчани, Кадино Село, Ерековци, Големо Коњари и Мало Коњари за околу 4.000 жители, како и техничка вода со цистерни во погоре споменатите населени места од страна на ЈКП „Водовод и Канализација“ – Прилеп и 1 цистерна од ЕЛС Кавадарци за потребите на населението и од околу 2.000 грла крупниот добиток и околу 3.500 овци.
Во струмишко патните правци се проодни со исклучок на локалниот пат с. Просениково (општина Струмица) – село Сарај (општина Босилово,) поради поплавување на мостот на реката Турија од контролираното испуштањето на брана Турија. Се користи алтернативен пат за приод до селото Сарај.
Во Радовиш и Конче се работи на на санирање на состојбата низ градот Радовиш и населените места. Оштетениот цевковод за пиење вода во селото Габровци е отстранет. ЈПКД Лаковица е на терен и се работи на санирање на состојбата со цевководот во селото Долни Липовиќ.
Во валандовско повторно се излеа реката Вардар кај селото Марвинци и под селото Јосифово и поплавени се истите површини од претходното излевање. Сообраќајот на патниот правец Р1401 клучка Марвинци – Гевгелија е во прекин поради излевање на река Вардар на сообраќајницата. Во Гевгелија и Богданци поради зголемената кота на течението на река Вардар кај мерна станица во Демир Капија се очекува излевање на реката долж течението кај с. Мрзенци и селото Богородица на земјоделските површини но нема опасност за поплавување на објекти. Известени се надлежните структури за зголемувањето на котата на водостојот на р. Вардар.
Во штипско локалниот пат од селото Зрновци до локалната хидроцентрала е затворен поради одрони. Ангажирана е механизација од приватна фирма Калина, која работи на расчистување на истиот. Патниот правец Кочани-Македонска Каменица-Делчево се уште е затворан за сообракај поради големите одрони нас. Истибања. Патниот правец Кочани-Трботевиште исто е така се уште е затворен заради оштетувањето на мостот. На патниот правец Виница-Берово (на 10 км од Виница) утрово имаше одрони, Сообракајот не беше во прекин и истиот во тој дел се одвиваше по една лента. Екипа на Македонија Пат работи на целосно расчитување.
Состојбата со снабдувањето со електрична енергија е редовно. Водата за пиење во Штип и во Чешиново-Облешево и понатаму не е за употреба. Во Штип во текот на целиот ден се доставува вода со цистерни во целиот град.
Во кумановско состојбата со водотеците постојано се смирува и водата постепено се повлекува во речните корита. ТППЕ Куманово со своите екипи во текот на денешниот ден се на располагање преку РЦУК Куманово на повик од граѓаните во загрозените подрачја да нтервенираат со испумпување на водата од зафатените објекти. Проблем се јавува со високите подземни води и нивното влијание за повторно враќање на водата при испумпување.
Членовите на Кризниот Штаб денеска распоредени во повеќе групи се упатија на теренот во загрозените подрачја заради увид и процена на неопходните приоритети на граѓаните во загрозените подрачја. РЦУК Куманово интервенираше на повик од група граѓани кои се наоѓаат на викенд во с. Кнежево на брана Злетовица кои неможат да се пробијат и вратат по патот кон Општина Злетово, поради активно свлечиште од карпен и земјест материјал и затвореност на патот Злетово-Кнежево, месност Тунел кон браната Злетовица. Денес однесени се неопходни средства на загрозени семејство од страна на ОО Црвен Крст Куманово.
Во Старо Нагоричане водата од поплавеното подрачје е повлечена во речното корито на реката Пчиња. Службите на ЕЛС се на терен и работат на одстранување на инфраструктурните проблеми настанати од поплавте.
Во Липково иако браните Глажња и Липково се прелеваат, сепак истото не претставува посебна сериозна опасност од излевање на водата од речните корита на реката Липковка и реката Кумановка. Поплавени се околу 10 објекти при излевање на реката Слупчанка во селото Опае. Денес водата е повлечена и состојбата е стабилизирана. Паднатата топола во речното корито во утринските часови со една градежна машина е извлечена од речното корито на реката Липковка во селото Липково, со што е намален ризикот на нејзино повторно излевање.
Во Кратово од последните врнежи од дожд на местото викано Влеј на влезот на селото Кољух има ошетување на двете страни патот во должина од околу 7 метри. Патот е прооден само во 1 коловозна лента. Локалните патни правци во планинскиот дел се проодни за теренски возила со зимска опрема, но непреодни се 4 км пред с.Каврак поради снег од 50 см. Со расчистување на овој дел ќе се започне во текот на утрешниот ден. (Крај)
извор: МИА фото: архива