Охрид, 8. август 2019 (ОХРИДПРЕС) – Во текот на претстојните денови со високи температури, мобилни тимови на охридскиот Центар за јавно здравје ќе ги посетуваат во домовите пациентите кои имаат потреба од микробиолошки испитувања.
– Поради високите температури на воздухот и најавената „портокалова фаза“ во наредните седум дена во Охрид, на сите оние кои имаат потреба од микробиолошки анализи, а се постари од 65 години, оние кои имаат некое хронично заболување, бремени жени и слично, Центар за јавно здравје Охрид ја нуди можноста со своите мобилни екипи да го земе потребниот материјал за микробиолошка анализа од домот/местото каде живее/престојува пациентот. Искористете ја можноста да си ја олеснете Вашата потреба од микробиолошка анализа и во овие денови со екстремно високи температури не излегувате на отворено, велат од Центарот за јавно здравје.
Заинтересираните пациенти може да се јават на телефонот 078/488255 за да ги остават потребните податоци. Центарот за јавно здравје Охрид стои на располагање секој работен ден од 08:00 до 14:00 часот и секоја сабота од 08:00 до 12:00 часот. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива