март 10, 2017

Минхен, 10. март 2017 (ОХРИДПРЕС) – Фудбалерот на Баерн Минхен и поранешен шпански репрезентативец Чаби Алонсо ги потврди шпекулациите дека ја игра последната сезона во богатата фудбалска кариера.

Алонсо уште од почетокот на годината најавуваше дека ќе се пензионира, а вчера на социјалните мрежи потврди дека ова е неговата последна сезона како активен фудбалер.

Кариерата ја започна во 1999 година во Реал Сосиедад, по четири години се сели во Ливерпул, а во 2009 година за сума од 30 милиони фунти се пресели во Реал Мадрид. Пет години подоцна Пеп Гвардиола го донесе во Баерн Минхен.

Чаби Алонсо со шпанската репрезентација има европска и светска титула, а Лигата на шампионите ја освоил со Ливерпул и Реал Мадрид. (Крај)

извор: Спорт ТА фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука