Охрид, 28. ноември 2023 (ОХРИДПРЕС) – Одлични резултати постигнаа охридските учесници на Државното првенство во бокс што се одржа во Штип.
Вкупно осум боксери од клубот „Алексо Огненовски” се натпреваруваа во категориите пионери, кадети, јуниори и сениори.
Со златни медали, односно со титула државен првак се стекнаа Петар Трајчески, Димитар Ѓорески, Енис Алиу и Жарко Јакимоски.
По ова, охридските боксери ги очекува следен предизвик. Викендов, на 2-ри декември членови од овој клуб ќе учествуваат на Купот Open Balkan во Зрењанин, Република Србија. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива
Прочитано: 80