Булааба, 18. февруари 2015 (ОХРИДПРЕС) – Четворица туниски полицајци биле убиени во терористички напад во Тунис.
Според туниската полиција, инцидентот се случил во Булааба, во областа Касерин. Регионот е познат како база на најопасната исламистичка група во земјата.
Булааба е дел од планинскиот венец на алжирската граница, каде што се крие главната туниска џихадска група поврзана со “Ал Каеда” и “фалангата на Окба Ибн Нафаа”.
При организирани заседи од групата се убиени или повредени десетици војници и полицајци. (Крај)
извор: АФП фото: АФП
Прочитано: 25