Маврово/Дебар, 20. јуни 2017 (ОХРИДПРЕС) – Сообраќајот на патниот правец Р1202 Маврово – Дебар на делот од Мелнички мост до с. Долно Косоврасти, поради изведување градежни работи на пат (асфалтирање), денес ќе биде во прекин, информира Авто мото сојузот на Македонија.
Прекинот ќе биде во периодот од 13:00 до 17:00 часот.
Што се однесува до сообраќајот на државните патишта, тој се одвива тековно, по претежно суви коловози.
Интензитетот на сообраќајот на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата. Оваа информација се однесува само за македонската страна на премините. (Крај)
извор: АМСМ фото: архива
Прочитано: 32