април 19, 2017

Охрид, 19. април 2017 (ОХРИДПРЕС) – Основното училиште “Христо Узунов” годинава одбележува 40 години од своето постоење.

По повод патронатот на училиштето, 24 април, ќе бидат организирани повеќе настани.

Свечената програма ќе започне во петок, 21 април. Од 11 часот предвидено е полагање свежо цвеќе на бистата на Узунов во училишниот двор, а потоа во салата за приредби ќе се одржи историски час и ќе бидат доделени наградите на најдобрите ученици.

Во 18.30 часот во Центарот за култура “Григор Прличев” ќе има изложба од ликовни педагози како и детски ликовни творби.

Свечената приредба по повод патрониот празник ќе започне од 19 часот.

Во недела, 23 април, во Центарот за култура од 18 часот ќе започне Меѓународниот фолклорен фестивал “Христо Узунов”, а свој настап ќе има и училишниот хор.

На денот на патронатот, во понеделник, ќе биде положено свежо цвеќе пред бистата на охридскиот револуционер во градскиот парк.

Во 11 часот пак делегација ќе положи цвеќе и на гробот на Христо Узунов во селото Цер, Кичевско. (Крај)

извор: ОхридПрес   фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука