Охрид, 02. февруари 2015 (ИНПРЕС) – Љубителите на музиката на охриѓанецот Владимир Василевски Четкар ги споделуваат импресиите од концертот кој се одржа викендов, на 31-ви јануари на полноќ, во Менхетен, Њујорк во Блу Ноут.
– Прекрасна вечер имавме со моите пријатели музичари, изјавува Чектар.
Овој концерт беше организиран од страна на програмскиот директор на Блу Ноут а на македонскиот фанк, соул и џез музичар му беше седмо гостување по ред во ова легендарно место.
Четкар бешее придружуван од Коди Роландс на Труба и Флугелхорн, Арон Хенри на Тенор Саксофон и Флејта, Кори Волис на Тромбон, Милан Милановиќ на Пијано, Брајан Лед на Електричен Бас и Ник Фалк на Тапани.
Минатиот месец музиката на Владимир Василевски Четкар беше презентирана и на едно од најпроминентните радија во Франција и Европа, Generations Radio од Париз кое е посветено за хип-хоп, р’н’б, соул и фанк музика. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: Четкар