Њујорк, 4. март 2015 (ОХРИДПРЕС) – Викендов, на 1-ви март, во Галеријата „MC“ во Њујорк, охридскиот музичар Владимир Василевски Четкар, заедно со познатиот македонски музичар Дуке Бојаџиев и други артисти, учествуваа на Хуманитарниот настан за собирање на финансиски средства за помош на лицата од Македонија од подрачјата каде имаше поплави.
На македонските музичари на хуманитарната вечер им се придружиле покрај македонскиартисти, и странски уметници. На вечерта настапуваа исто така и Ивана Ковач, Марко Ѓорѓевиќ, Васко Дуковски, Ана Танасијевиќ и други.
Била организирана и продажба на уметнички дела, а парите ќе бидат наменети за хуманитарната акција. Настанот бил во соработка со Обединетата Македонска Дијаспора. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива