Охрид, 24. февруари 2015 (ОХРИДПРЕС) – Еден од моментално најуспешните и најрепрезентативни македонски музичари во странство, охридскиот џез музичар Владимир Василевски Четкар, ќе приреди музичко задоволство за американската публика, но овој пат во Чикаго.
Неговиот следен настап во оваа светска метропола е закажан за 21 март. Настапот ќе биде во клубот Ladybug Book Cafe. Кафе-клубот е уметнички рај, каде можат да се најдат книги на шпански, англиски, француски и српски јазик. Настапот на Четкар во овој простор ќе биде вистинско освежување за публиката која го посетува овој центар, а тоа се љубителите на еклектична музика и мултимедијални културни настани.
Инаку, Четкар е редовен гостин во престижниот клуб Blue Note во Њујорк, а со неговиот настап во Чикаго, се проширува листата на светски центри каде се слуша неговата музика. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива