Охрид, 27. октомври 2014 (ОХРИДПРЕС) – Владимир Василевски Четкар продолжува со соработките со француските музичари.
За новиот проект ќе соработува освен со Димитри Фром Париз исто така и со Bob Sinclar. Проектот е на светскиот Суперстар Bob Sinclar, Димитри Фром Париз се јавува како продуцент и ремиксер, а Владимир Четкар како Аранжер-Оркестратор на живите музички секции. Оваа соработка за Владимир Четкар доаѓа како уште еден голем успех и соработка на интернационалната музичка сцена.
До оваа соработка дојде отако францускиот дј и продуцент Крисф ле Фријант, со уметничко име Bob Sinclar, го слушнал новиот албум на Четкар кој во Македонија ќе дојде многу наскоро, во ноември, и бил комплетно воодушевен самиот посака да го вклучи во неговиот нов проект.
Инаку Bob Sinclar во 2009 година настапи во Охрид со комплетен дј-ски сет и го промовираше тогашниот негов албум „Born in 69“. (Крај)
извор: Охридпрес фото: архива