март 3, 2015

Охрид, 3. март 2015 (ОХРИДПРЕС) – Охриѓанецот Владимир Василевски Четкар за своите слушатели и обожаватели, ја подарува темата „Time Goes By“ за бесплатно симнување преку музичката мрежа Soundcloud.

Џез-фанк темата е дел од новиот албум на Четкар. Македонскиот музички амбасадор, ја препорачува темата за зимските вечери, кои се одбројуваат, во пресрет на новата сезона – пролет.

Истата тема, доколку слушателите сакаат да ја имаат во екслузивно издание, можат да ја купат преку iTunes.

Четкар, пак се подготвува за неговиот следен настап во Америка, овој пат во Чикаго, на 21-ви март. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука