Лондон, 25. јуни 2018 (ОХРИДПРЕС) – Првиот носител, Марин Чилиќ ја освои титулата од елитниот подготвителен турнир за Вимблдон, Квинс Клаб, откако спаси меч-топка пред да стигне до 5:7,7:6,6:3 победа над српскиот ривал Новак Ѓоковиќ во маратонски меч кој траеше три часа.
Хрватот не успеа да искористи пет меч топки во маратонскиот седми гем од првиот сет, за Ѓоковиќ да врати со брејк и да го освои првиот сет со 7:5. Во вториот сет, Чилиќ немаше шанси на сервис на Ѓоковиќ, а Србинот, кој одеше на првата титула од Квинс, имаше една меч топка на сервис на противникот, пред во тај-брејкот да пропушти водство од 4:1 и да го загуби со 7:4.
Во одлучувачкиот сет, на Чилиќ му беше доволен еден брејк да го победи уморниот противник и по вторпат да стигне до титулата од Квинс Клаб и само вторпат во кариерата да биде подобар од српскиот ривал.
За триумфот, Чилиќ добива 500 АТП поени и 427.590 евра. (Крај)
извор: Макфакс фото: архива