Охрид, 1. март 2023 (ОХРИДПРЕС) – Охридското здружение ЕКО ФАП продолжи со активности во насока на поубав и почист Охрид.
Дел од нивните членови вчера спроведоа акција за чистење на просторот над населбата „Бараки“. Делови од покуќнина, троседи, пластички шишиња, кеси и најразличен ситен отпад беше само дел од она што го собраа.
Охридското здружение ЕКО ФАП досега реализираа бројни ЕКО акции, кои треба да се поддржат од целата заедница и да бидат насока како се сака и чува животната средина. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: ЕКО ФАП
Прочитано: 23