Охрид, 20. февруари 2015 (ОХРИДПРЕС) – Дел од членовите на Велосипедскиот клуб „Зш Точак“ од Охрид, кои покрај велосипедизмот се занимаваат и со екстремни спортови, изминатите неколку дена имаа искажувања на неколку планински врвови.
Младите членови на „Зш Точак“ неодамна се искачија на Попова Шапка, каде тренираа сноубординг на веќе проверените терени за екстремни скијачки спортови.
Исто така, своите вештини во екстремни спортови ги тренираа и на излетничкото место Корита, како и на врвот на Галичица, Магаро.
Од „Зш Точак“ ги повикуваат сите љубители на екстремните зимски спортови, да ги искористат деновите додека се’ уште има снег по македонските планини и организирано во групи да им се придружат во останатите поздвизи. Велосипедскиот клуб „Зш Точак“ од Охрид важи за еден од најголемите афирматори и промотери на здравиот начин на живот, кај сите генерации, но посебно кај младите, со поттикнување да возат велосипед, професионално или рекреативно, или да се занимаваат со некој друг спорт. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: Зш Точак