Охрид, 30. јуни 2017 (ОХРИДПРЕС) – Деца, родители и членови на семејствата на загинатите припадници на вооружените сили изминатите денови летуваа во одморалиштето на Министерството за внатрешни работи во Охрид.
По тој повод во текот на вчерашниот ден беше организирана заедничка вечера на која што присуствуваа и претставници на раководството на Министерството за внатрешни работи, а во чест на гостите кои што се традиционални посетители на полициското одморалиште во Охрид неколку години наназад.
Тони Ангеловски портпарол на Министерството за внатрешни работи, поздравувајќи ги присутните во име на министерствотото и во име на министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, пред присутните истакна дека тие со полно право го имале и ќе го имаат третманот на почесни гости со кои, меѓу другото, заедно ќе го споделуваат споменот и сеќавањата на нашите колеги, а нивни најмили.
Инаку, и годинава околу 120 деца и членови на семејствата на наши загинати припадници на вооружените сили во два термина престојуваа во одморалиштетот на МВР во Охрид, а таквата традиција ќе продолжи и во наредниот период. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива