Шангај, 4. јануари 2017 (ОХРИДПРЕС) – Кинеските клубови продолжуваат со неверојатните финансиски понуди на адреса на најдобрите светски фудбалери.
Кинескиот клуб Шангај СИПГ за напаѓачот на Борусија Дортмунд,Пјер Емерик Обамејанг нуди 80 милиони евра и 150 милиони евра отштета на Борусија Дортмунд.
На клупата на Шангај СИПГ е португалскиот стратег Андре Вилјаш Боаш, а тој многу добро ги знае квалитетите на фудбалерот.Обамејанг би заработувал 800.000 евра неделно а клубот пред десетина дена успеа да го купи бразилецот Оскар од Челси за сума од 60 милиони евра. (Крај)
извор: Спорт ТА фото: архива
Прочитано: 17