Берн, 20. март 2017 (ОХРИДПРЕС) – На познатата швајцарска UBS банка ќе и се суди во Франција.
Причината е како што пренесува AFP, создавање на широка шема за даночна измама.
Во обвинението е наведено дека банката се товари за вршење нелегални банкарски практики и прикривање на даночни измами.
Поранешен службеник рекол дека банката има систем за создавање на двојни сметки преку кои се прикрива движењето на паричните средства во Швајцарија меѓу 2004 и 2012 година, по што француските власти започнаа истрага за случајот. (Крај)
извор: Макфакс фото: архива
Прочитано: 43