Охрид, 24. септември 2024 (ОХРИДПРЕС) – Денеска се навршуваат полни 16. години од смртта на Влатко Пантовски – DJ Panter и Наумче Аврамоски – DJ Bruce.
Годините поминуваат, но споменот на нашите колеги не избледува. Остануваат засекогаш нивната ведрина, насмевките и позитивната енергија која ја ширеа, каде и да се појавеа.
Охридската медиумска заедница не дозволува годиниве наназад да избледи споменот на своите колеги. Супер радио, матичната куќа на двајцата трагично загинати Dj-и, и оваа година ќе ја прилагоди програмата во нивна чест.
Пантовски и Аврамоски ги загубија животите во сообраќајната несреќа што се случи на 24-ти септември 2008 година, околу 21:00 часот во близина на планинскиот превој „Буково“. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес