Струга, 31. октомври 2014 (ОХРИДПРЕС) – Во Центарот за култура „Браќа Миладиновци“ денеска ќе се одржи Мултиетничкиот детски фестивал.
Годинава фестивалот се организира по шести пат. Оваа година на фестивалот ќе настапат студија за модерен танд и балет, повеќе културно-уметнички друштва од Струга и околината, а предвидени се и соло и пијано изведби на млади.
Организатор на фестивалот е Центарот за култура „Браќа Миладиновци“ од Струга, а финансиски е подржан од Министерството за култура на Република Македонија.
Фестивалот ќе започне во 11:30 часот. (Крај/М.М.)
извор: ОхридПрес фото: архива
Прочитано: 34