Охрид, 12. мај 2017 (ОХРИДПРЕС) – Охрид вечерва ќе биде домаќин на шестиот по ред Меѓународен музички и фолклорен фестивал “Охрид фест”.
Љубителите на фолклорот ќе може да уживаат во настапите на ансамбли од повеќе земји.
– Покрај домаќините од Македонија, имаме ансамбли од Турција, Бугарија, Романија и други земји. Фестивалот ќе започне од 19.15 часот со традиционално дефиле на учесниците низ градот, информира Зоран Стрезоски од Младинскиот културен центар Охрид, кој воедно е организатор на фестивалот.
Официјалното отварање на фестивалот и настапите ќе се случува во Центарот за култура “Григор Прличев”. Почетокот е во 20 часот, а влезот ќе биде слободен.
Фестивалот е дел од годинешната агенда на Светската фестивалска асоцијација (WOFA). (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива