Даблин, 27. март 2017 (ОХРИДПРЕС) – Селекторот на селекција на Република Ирска, Мартин О’Нил, соопштил дека операцијата на Шејмус Колман минала успешно, но дека не знае колку време ќе му биде потребно за рехабилитација.
– Ќе биде потребно време целосно да закрепне. Докторите се задоволни како мина оперативниот зафат“, рекол О’Нил.
Бекот на Република Ирска, во петокот, на квалификацискиот меч против Велс се здоби со двојна фрактура на десната нога, по невнимателниот старт на Нил Тејлор. (Крај)
извор: Спорт ТА фото: архива
Прочитано: 31