Белград/Охрид/Струга, 27. февруари 2017 (ОХРИДПРЕС) – Во организација на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот на Република Македонија, македонскиот туристички производ по осми пат беше промовирам на меѓународниот саем за туризам „ITF”-Србија, што се одржа во Белград од 23-ти до 26-ти февруари.
Српските туристи најмногу го посетуваат Југозападниот и Југоисточниот регион, нешто помалку и Вардарскиот, што било потврдено и со зголемената посета и интерес на штандовите.
– Континуирано остваруваме средби со нашите долгогодишни партнери со кои ја одржуваме меѓусебната соработка, како и остварени нови контакти со Asteria travel и Balkan Break кои сакаат да ја вметнат Македонија во нивната туристичка понуда.На македонскиот штанд беа присутни претставници од приватниот туристички сектор, а се промовираа македонските дестинации кои се доволно атрактивни и богати со понуда за да го привлечат вниманието на српскиот турист, велат од Агенцијата за промоција на туризмот.
Македонскиот туристички производ е веќе препознатлив на српскиот туристички пазар, а за тоа говорат бројките и растот од 31,52% за туристички посети во последните четири години, со остварени 50.145 посети и 93.782 ноќевања во 2016 година. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива