Берлин, 8. февруари 2015 (ОХРИДПРЕС) – Има реална опасност од нова поделба во Европа, упати отворено предупредување германскиот министер за надворешни работи Франк Валтер Штајнмаер.– Ако денес се избере погрешен пат, тогаш треба да ни биде јасно дека ќе ни бидат потребни, не години, туку децении за да ги санираме последиците од оваа погрешна политика и погрешниот пат, рече Штајнмаер и истакна: „Европа е загрозена од нова поделба и тоа треба сите заедно да спречиме“.– Дали ќе се тргне по овој пат, ќе се знае веќе во текот на наредните два–три дена, рече уште Штајнмаер на маргините на конференцијата за безбедност во Минхен, каде фокусот е ставен на мировниот план предложен во Москва и Киев од страна на германската канцеларка Ангела Меркел и францускиот претседател Франсоа Оланд.Според германскиот дипломат, потребните одлуки мора да бидат донесени од страна на Москва и Киев, а не само во Берлин и Париз. Сега од страните во конфликтот зависи да одлучат дали ќе одат на патот на негова понатамошна ескалација или во насока кон примирје и политичко решение.– Во моментов навистина сме на крстопат, посочи Штајнмаер. (Крај)извор: АРД фото: АП
февруари 8, 2015
@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука