Палермо, 30. јануари 2015 (ОХРИДПРЕС) – Околу 300 000 банкарски службеници во Италија штрајкуваат поради одбивањето на барањето да се обнови националниот работен договор.
Главните митинзи се во Палермо, Равена, Рим и Милано, каде што учествуваше и претседателот на Националната конфедерација на трудот Сузана Камусо. Интересен факт е дека сите банкарски синдикати се обединети во протестот.
Според синдикалците, банките не ги решаваат проблемите од една страна, а го намалуваат персоналот, од друга срана, со што се оштетени и клиентите. (Крај)
извор: ОхридПрес/АП фото: архива
Прочитано: 34