март 20, 2017

Мајами, 20. март 2017 (ОХРИДПРЕС) – Првиот рекет во светот Енди Мареј и Новак Ѓоковиќ се повлекоа од настап на Мастерс турнирот во Мајами поради повреда.

Српскиот тенисер на својата официјална интернет страница објави дека поради повреда на лактот на десната рака прв пат по 11 години ќе го пропушти Мастерсот во Мајами, на кој има освоено шест титули, од кои три во последните три години.

Поради слична повреда на Мастерсот во Мајами нема да игра ниту првиот на АТП листата Енди Мареј. (Крај)

извор: Спорт ТА фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука