Мелбурн, 26. јануари 2015 (ОХРИДПРЕС) – Светскиот рекет број 1 Новак Ѓоковиќ се пласираше во 1/4 финалето на Australian open откако го победи Жил Милер со 6-4, 7-5 и 7-5.Ветеранот од Луксембург играше одлично од почетокот на турнирот, и успешно се справи со Џон Иснер и Роберто Баутиста Агут. Денес тој исто така покажа одлична игра, но на крајот не можеше да стигне до победа против првиот рекет на светот, Србинот Новак Ѓоковиќ.Ѓоковиќ за малку повеќе од 2 часа игра стигна до победата со 13 аса, 77 проценти освоени поени на свој сервис, 47 винери со само 16 непредизвикани грешки и 79 проценти успешност на мрежата.За место во полуфиналето, Ѓоковиќ ќе игра со Милош Раонич. (Крај)извор: Спорт ТА фото: архива
Прочитано: 38