Лондон, 2. февруари 2015 (ОХРИДПРЕС) – По завршувањето на Australian open, освојувачот на трофејот Новак Ѓоковиќ ја зголеми својата бодовна предност на најновата АТП листа.
Првиот рекет во светот сега има предност од 3.8оо бода во однос на второрангираниот Роже Федерер.
На третото место е Рафаел Надал со 5.745 бодови, додека Енди Мареј со пласманот во финалето се искачи на четвртата позиција.
Топ десет листата понатаму ја сочинуваат Кеи Нишикори 5.205, Милош Раониќ 4.485, Томаш Бердих 4.600, Марин Чилиќ 4.105, Станислас Вавринка 4.090 и Давид Ферер 3.965 бода.
извор: Спорт ТА фото: архива
Прочитано: 40