Охрид, 24. февруари 2015 (ОХРИДПРЕС) – Во сабота, 28-ми февруари во Куба Либре Beach ќе настапи охридскиот музичар Ѓоко Танески.
По извесен период Танески се враќа на свирките пред охридската публика. Изминатите месеци тој имаше бројни настапи низ останатите македонски градови, претежно во Скопје, Битола и Струмица. Во Скопје од почетокот на годинава беше дел од неколку културни музички манифестации низ локалите и во организација на успешни фирми.
Танески предходно ја забавуваше охридската публика за денот на Свети Трифун.
Свирката во сабота во Куба Либре Beach е со почеток во 22:00 часот. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива
Прочитано: 33