мај 4, 2017

Охрид, 4. мај 2017 (ОХРИДПРЕС) – Откако почна да работи oхридскиот „City Hostel And Apartments“, веднаш станавме препознатливи по поставување на ново ниво, вели Александар Ѓурчев, сопственик и главен менаџер на City Hostel Охрид.

Според него, туристите, домашните и странските пројавуваат интерес за алтернативни начини на сместување, вклучително на прво место сместувањето во хостели. Смета дека треба во иднина хостелите да работат на подобрување на условите во повеќе сегменти.

avtobusdomasnituristi

– Работиме колку што можеме. Во однос на сместувањето нудиме квалитет и хигиена на високо ниво. Засега сум задоволен од севкупната работа. За букингот имаме доста висока оценка 9.5, која е сумирана од оценките кои ги даваат различни луѓе, од различни места на светот. Странски туристи сме имале буквално од секаде, Франција, Германија, Израел, Јапонија, Нов Зеланд, Австралија. Доста чести гости се Азијатите. Има простор за развој на хостелите. Јас поставив едно ново ниво. На гостите им го приуштив хотелското сместување, микс на хотелско – хостелски амбиент. Околу 90% од нив доста добро го прифатија сето тоа, потенцира Ѓурчев.

cituhostel1

Деновиве, во хостелот се сместени домашни туристи, групи на деца. Независно од категоријата на гости, услугата треба секогаш да биде што е можно подобра. Во угостителството, додава Ѓурчев, треба да се следи и продава приказната. Конкретно, неговата семејна приказна е поврзана со гостопримството кое го покажувал кон странските гости неговиот дедо. Тој колку можел подобро, секогаш се трудел да ги угостува странските посетители.

cituhostel2

cityhostel3

Според податоците за сместување на туристи, во моментов во земјава има повеќе од стотина хостели. Во Охрид, кој е најпосетуваното туристичко место во државата, се регистрирани 27 хостели. Гостите се најмногу од европските земји – Холандија, Италија, Германија и Велика Британија и од регионот. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука