News from Ohrid, Vesti od Ohrid, Ohrid news. Вести од Охрид, Новости Охрид, Информации од Охрид 24 часа - Брзо, точно, проверено...
ноември 28, 2024

Охрид, 28. ноември 2024 (ОХРИДПРЕС) – Согласно членовите 5 и 17 од Законот за меморијалните споменици и спомен-обележјата (Сл. весник на РМ бр. 66/04, 89/08 и 152/15), Општина Охрид објавува Јавен повик за доставување предлози за одбележување значајни настани и истакнати личности со меморијални споменици и спомен-обележја.

Согласно одредбите од Законот за меморијалните споменици и спомен-обележјата (Сл. весник на РМ бр.66/04, 89/08 и 152/15), Општина Охрид подготвува Програма за одбележување значајни настани и истакнати личности со меморијални споменици и спомен-обележја, за период од пет години. Со цел, максимална транспарентност и вклучување на стручната јавност, Општина Охрид упатува Јавен повик до правните и физичките лица да достават конструктивни предлози за одбележување значајни настани и истакнати личности со меморијални споменици и спомен-обележја.
Предлозите, задолжително, треба да содржат:

– податоци за настаните и личностите и објаснување за нивното значење;

– порака што треба да ја симболизира споменикот или спомен-обележјето и

– основни елементи за евентуалниот текст што би бил истакнат на споменикот или спомен-обележјето.

Предлозите, најдоцна до 20-ти декември 2024 година, треба да се доставуваат во писмена форма на следната адреса: Општина Охрид, улица „Димитар Влахов“ бр. 57, 6000 Охрид, со назнака: За Јавниот повик за одбележување значајни настани и истакнати личности со меморијални споменици и спомен-обележја. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука