Охрид, 6. септември 2024 (ОХРИДПРЕС) – Министерството за транспорт го објави јавниот повик за финансиска поддршка за воведување на нови дестинации од Меѓународниот аеродром „Скопје“ и аеродромот „Св. Апостол Павле“ во Охрид за периодот од 2025 до 2027 година.
– Во рамките на тригодишната програма за оваа намена предвидени се средства во висина од 360 милиони денари. Еден од главните приоритети на Владата е обезбедување на поволни услови за користење и подобар и попристапен авио транспорт. Со цел подобро поврзување на државата и овозможување подобри услови за патување на граѓаните Министерството за транспорт денес објави Јавен повик за поднесување апликации за финансиска поддршка за пуштање нови дестинации од аеродромите во Скопје и Охрид. Отворениот повик е објавен на официјалната веб-страница на министерството, како и во Службениот весник на ЕУ за тендери (TED), информира министерот за транспорт и врски, Александар Николоски.
Додава дека зЗа дополнителни информации, заинтересираните компании можат да се обратат до Министерството за транспорт. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива