декември 1, 2017

Охрид, 1. декември 2017 (ОХРИДПРЕС) – Европската асоцијација за локална демократија (АЛДА)  од Скопје, Здружението на финансиски работници на локалната самоуправа и јавните претпријатија и Европското движење, информираат дека е отвoрен Јавен повик за финансиска поддршка на граѓански организации кои работат во областа на локална демократија, креирање и спроведување јавни политики на локално ниво и соработка со локални самоуправи.

Повикот е наменет за граѓанските организации кои ќе предлoжат иновативни проекти за подобрување на соработката помеѓу граѓанските организации и локалните самоуправи.

Апликантите задолжително треба да  имаат партнер, локална самоуправа или центар за регионален развој.

Крајниот рок за достаување на пријави е 24-ти декември, до 17:00 часот на адресата: [email protected].

Потребните формулари за аплицирање можете да ги преземете тука:

извор: ohrid.gov.mk фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука