Јавен увид на донесените нацрт-документи за поднесување предлози и забелешки по нацрт-документите
декември 4, 2024

Охрид, 4. декември 2024 (ОХРИДПРЕС) – Советот на општина Охрид, на седницата одржана на 4-ти декември 2024 година ги донесе нацрт програмите и Нацрт буџетот за 2025 година.

– Се ставаат на јавен увид донесените нацрт документи, се повикуваат сите буџетски корисници, сите невладини организации и здруженија на граѓани како и сите заинтересирани физички и правни лица своите предлози и забелешки по нацрт документите да ги достават до стручните служби на општина Охрид. Јавниот увид трае 10 дена, почнувајќи од 4-ти декември 2024 година, информираат од локалната самоуправа. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: Охридпрес

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука