Охрид, 23. август 2024 (ОХРИДПРЕС) – Врз основа на член 50 од Законот за локална самоуправа („Сл. весник на РМ“ бр. 05/02) и член 34 од Статутот на општина Охрид („Сл. гласник на општина Охрид“ бр. 08/07, 01/08, 10/10, 05/11, 09/14, 14/14, 10/19 и 15/20),а во врска со член 35од Законот за просторно и урбанистичко планирање(„Сл. Весник на РМ“бр.199/14, 44/15, 193/15, 31/16, 163/16, 64/18 и 168/18) и член 93 од Законот за урбанистичко планирање („Сл. Весник на РМ“бр. 32/20, 111/23, 73/24 и 171/24),, Градоначалникот на општина Охрид, донесе соопштение за организирање Јавна анкета и презентација за предлог ДУП за УЗ 6 од блок 6.1-опфат 2, за плански период 2019-2024 година.
Се соопштува организирање јавна анкета и јавна презентација за Предлог Детален урбанистички план за Урбана Заедница 6 дел од Урбан Блок 6.1-опфат 2, Општина Охрид, плански период 2019-2024, со тех. бр. 106/2018 од октомври 2023 год. изработен од страна на Институт за урбанизам, сообраќај и екологија „Ин-Пума“ ДООЕЛ Скопје.
Планскиот опфат на Предлог ДУП за УЗ 6 дел од УБ 6.1-опфат 2, општина Охрид, е со површина од 13.90 ха и неговата местоположба е дефинирана во границите на:
На северо-запад границата се протега по осовината на собирната улица „7-ми Ноември“ и тоа од крстосницата на собирната улица „7-ми Ноември“ со улица „Марко Нестороски“ до крстосницата на собирната улица „7-ми Ноември“ со собирната улица „Прв градски ринг“ планирана со ГУП за Град Охрид 2002-2012 година.
На запад границата на опфатот се поклопува со источната граница на опфат на соседниот план Детален урбанистички план за 6-та Урбана заедница, дел од Урбан Блок 6.1-опфат 1, Охрид.
На северо-исток границата се протега по основината на планираната собирна сообраќајница „Прв градски ринг“ и тоа од крстосницата со собирната улица „7-ми Ноември“ до крстосницата со сервисната улица „Даме Груев“
На југ границата се протега по основината на сервисната улица „Даме Груев“ и тоа од крстосницата со собирната улица „Прв градски ринг“ до крстосницата со улица „Богомилска“.
Јавната анкета ќе трае од 30-ти август до 13-ти септември 2024 година.
Јавната презентација ќе се одржи во големата сала на Општина Охрид во вторник, на 10-ти септември 2024 година со почеток во 12:00 часот.
Заради обезбедување пристапност и увид од страна награѓаните и правните лица, планот освен на електронскиот систем е-урбанизам, ќе биде истакнат во холот на општина Охрид пред големата сала за состаноци, ќе биде објавен на web страната на општина Охрид, а соопштението за организирање на ЈА и ЈП ќе биде објавено во две јавни гласила.
Стручната служба ќе дава објаснување секој работен ден од 12:00 до 14:00 часот во просториите на општина Охрид.
Заинтересираните граѓани и правни лица своите предлози и забелешки, додека трае јавната анкета, можат да ги доставуваат на анкетни листови до надлежниот орган во писмена форма и на електронскиот систем е-урбанизам.
Повеќе информации ОВДЕ. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес