Скопје/Охрид, 22. мај 2017 (ОХРИДПРЕС) – На последната седница на Одборот на директори на Македонска берза, беше донесена одлука за изрекување на мерката јавна опомена на Берзата на котираното друштво „Трудбеник“ АД Охрид.
Мерката се изрекува заради ненавремено објавување на неревидираниот биланс на успех во периодот од 1 јануари до 30 септември 2016 година и необјавување за финанските извештаи од 1 јануари до 31 декември 2016 година.
Според правилата за котација, на друштвото „Трудбеник“ АД Охрид, му е изречена мерка јавна опомена, велат од Македонската берза. (Крај)
извор: e-magazin фото: архива
Прочитано: 29