Охрид, 15. јануари 2025 (ОХРИДПРЕС) – Врз основа на чл.69 од Законот за животна средина (Службен весник на РМ бр. 53/05, 81/05, 24/07, 159/08, 83/09, 48/10, 51/11, 123/12 и 93/13, 42/14, 44/15, 129/15, 39/16, 99/18, 89/22 и 171/22) и Уредбата за учество на јавноста во текот на изработка на прописи и други акти, како и планови и програми од областа на животната средина (Службен весник на РМ бр. 147/08), Градоначалникот на Општина Охрид организира Јавна презентација и јавна расправа по Нацрт Извештајот за стратегиска оцена на влијанието на животната средина за Урбанистички проект вон опфат на урбанистички план за ГП 1 со намена А4.3-семејни куќи за времен престој-викенд куќи на КП 144/1 КО Вапила Општина Охрид.
1. Јавна презентација и јавна расправа по Нацрт Извештајот за стратегиска оцена на влијанието на животната средина за Урбанистички проект вон опфат на урбанистички план за ГП 1 со намена А4.3-семејни куќи за времен престој-викенд куќи на КП 144/1 КО Вапила Општина Охрид.
Се информира јавноста дека ставен е на увид и јавна расправа Нацрт Извештајот за стратегиска оцена на влијанието на животната средина за Урбанистички проект вон опфат на урбанистички план за ГП 1 со намена А4.3-семејни куќи за времен престој-викенд куќи на КП 144/1 КО Вапила Општина Охрид.
2. Извештајот за Стратегиска оцена на влијанието на животната средина е изложен во Одделението за заштита и влијание врз животната средина во Општина Охрид секој работен ден од 07:30 до 15:30 часот почнувајќи од 15-ти јануари до 14-ти февруари 2025 година.
3. Јавната презентација и јавната расправа ќе се одржи на ден 7-ми февруари 2025 година во малата сала на Општина Охрид,со почеток во 12:00 часот.
4. Правните и физичките лица и јавноста можат да го достават своето мислење во врска со Извештајот до Општина Охрид во рок од 30 дена од денот на објавување на оваа информација
Сите заинтересирани страни се поканети да учествуваат на јавната расправа и да го дадат своето мислење, забелешки и предлози по Извештајот за стратегиска оцена на влијанието на животната средина и истите можете да ги испраќате на е_маил: [email protected], или по пошта на следната адреса: Општина Охрид, улица „Димитар Влахов“ бр.57 Охрид. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес