Охрид, 22. ноември 2017 (ОХРИДПРЕС) – Утре во Охрид ќе се одржи јавна расправа за нацрт-стратегијата за културен развој 2018-2022.
– Јавната расправа е дел од проектот „Дебати на тема Национална стратегија за култура 2018-2022“ на „Јадро“ – Асоцијацијата на независната културна сцена, кој се реализира во соработка со Министерството за култура на Република Македанија. Ќе се претстави унапредената верзија на нацрт-стратегијата, а ќе се одржи и општа расправа за системската поставеност, главните аномалии, за сегашната поставеност на системот на културни установи и за тоа дали е потребна нова инфраструктура и институции. Излагачи се: Донка Барџиева, висок советник за културно наследство на Министерот за култура, Искра Гешоска, претставик на „Јадро“ која е член на работната група при Министерство за култура, Никола Гелевски, независен издавач и автор, активист и уредник на потралот Окно, Дејана Николовска театарски режисер и Илина Арсова, независен уметник и активист, информираат организаторите. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива