март 2, 2018

Охрид, 2. март 2018 (ОХРИДПРЕС) – Следната недела ќе се одржи јавна расправа за предложените измени и дополнување на законите за туристичка и угостителска дејност.

Расправата е закажана за вторник, 6-ти март. Ќе учествуваат претставници на туристички агенции, хотели, туристички водичи и придружници. Покрај за законските измени, ќе се разговара и за такса за привремен престој, како и за  мерките за подобрување на состојбите во туристичкиот сектор. Средбата е закажана за 11:00 часот.

Истиот ден, од 12:30 часот за истите теми ќе се разговара и со физичките лица кои вршат угостителска дејност-приватно сместување.

На јавните расправи ќе присуствуваат и претставници на Министерството за економија  и Стопанската комора. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука