Охрид, 7. декември 2023 (ОХРИДПРЕС) – Општина Охрид преку Секторот за ТЛЕР, во рамки на Проектот Ohrid Go, организира Јавна Расправа за „Физибилити Студија за развој на Касарна Охрид во Технолошко-Рекреативна Зона“.
– Расправата ќе се одржи во петок, на 15-ти декември 2023 година во 12:00 часот, во Големата Сала на општина Охрид. Се покануваат сите заинтересирани страни да земат учество на презентацијата на Драфт Верзијата на Студијата и активно да учествуваат во нејзиното финализирање со свои предлози, сугестии и слично, информираат од Општина Охрид.
Драфт Финалната верзија на Физибилити Студијата може да ја преземете во електронска верзија на следниот линк. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес
Прочитано: 28