Охрид, 12. декември 2023 (ОХРИДПРЕС) – Општина Охрид преку Секторот за ТЛЕР, во рамки на Проектот Ohrid Go, организира Јавна Расправа за „Физибилити студија за развој на Касарна Охрид во Технолошко-рекреативна зона“.
– Расправата ќе се одржи на ден 15-ти декември 2023 година, во 12:00 часот, во Големата сала на општина Охрид. Се покануваат сите заинтересирани страни да земат учество на презентацијата на Драфт верзијата на Студијата и активно да учествуваат во нејзиното финализирање со свои предлози, сугестии и слично. Драфт финалната верзија на Физибилити студијата може да ја преземете во електронска верзија на следниот линк, информираат од Општина Охрид. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес
Прочитано: 33