Скопје, 21. август 2019 (ОХРИДПРЕС) – Основното јавно обвинителство побара од судот притвор за специјалната обвинителка Катица Јанева. Ова на прес конференција го потврди државниот јавен обвинител Љубомир Јовески.
Обвинителството одлучи да ја прошири истрагата за случајот „Рекет“ по што попладнево Јанева беше приведена во својот дом во Скопје.
Таа се сомничи за злоупотреба на службената положба и овластувања заради стекнување лична корист.
– Специјалната јавна обвинителка ја злоупотребила службената позиција и остварила лична корист со тоа што, најпрво влијаела за ослободувње од притвор и враќање на патната исправа, а потоа и дала предлог да се олесни положбата на осомничениот за „Империја“ со негово прифаќање како сведок во постапката, рече Јовески додавајќи дека располагаат со докази дека Јанева остварила лична корист од 298 000 илјади денари.
Обвинителката Вилма Русковска на пресот кажа дека од просториите на СЈО одземен е службениот компјутер на Јанева. Рече дека претрес се прави и во нејзиниот дом во Гевгелија, а досега немаат издадено наредба за претрес кај политичари и бизнисмени. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива