Охрид, 23. јануари 2017 (ОХРИДПРЕС) – Реномираниот говорник, глобален тренер, успешен претприемач, експерт-консултант, како и објавуван автор и издавач, д-р. Прем Јагијаши денес пред македонските тур оператори во Охрид одржа предавање на тема „Светски трендови и стандарди во туризмот“.
Д-р Прем, кој е наградуван експерт во туризмот, покрај претставувањето на светските трендови во туризмот и хотелиерството, посебно внимание посвети на медицинскиот и велнес туризам, гранки од туризмот кои сè уште не се доволно развиени во Македонија.
– Денес, покрај светските трендови и стандарди, сакав да ги укажам и можностите за развој на македонскиот туризам пред домашните тур оператори. Моето истражување за состојбата на туристичката понуда, како на Бакланот, секако подетално и на Македонија ми даде можност да ги детектирам предизвиците со кои се соочува македонскиот туризам, и притоа да дадам предлог насоки како може светските стандарди и трендови полесно да се вметнат во туристичката понуда на Македонија. Развивањето на туризмот има големо влијание врз економскиот, социјалниот, еколошкиот и бизнис сектор, рече д-р Прем Јагијаши. (Крај)
извор: Макфакс фото: Макфакс