News from Ohrid, Vesti od Ohrid, Ohrid news. Вести од Охрид, Новости Охрид, Информации од Охрид 24 часа - Брзо, точно, проверено...
октомври 7, 2024

Струга, 7. октомври 2024 (ОХРИДПРЕС) – Поништена е одлуката за основање на Факултет за здравствени науки на Меѓународниот универзитет во Струга, кој не ги исполнувал условите за почеток со работа, истакна министерката за образование и наука Весна Јаневска на денешната прес конференција на која информираше за резултатите од работата во првите 100 дена од мандатот на новата Влада, во областа на образованието.

Зад Меѓународниот универзитет во Струга стои струшкиот градоначалник Рамиз Мерко, на кого, по серијата обвиненија, му се заканува одземање на ингеренциите во делот на образованието. Тој се обвинува дека незаконски поставувал директори во повеќе основни училишта во општината, за што од Министерството за образование и наука извршиле вонредни контроли во повеќе општински училишта.

Против Мерко во моментов се покренати осум обвиненија, од кои пет за незаконско поставување на директори. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука